Connect with us

Фудбал

Официјално: Фалкао нов соиграч на Димитриевски!

Легендарниот колумбиски напаѓач Радамел Фалако (35) пронајде нов клуб.

Откако пред неколку дена го раскина договорот со Галатасарај Фалкао не бараше долго време нов клуб, се остварија најавите и тој е нов член на шпанскиот Рајо Ваљекано.

Тимот на македонскиот голман Столе Димитриевски го потврди трансферот на „Ел Тигре“.

„Фалкао е нов играч на Рајо Ваљекано. Добредојде во Ваљекас“, порачаа од овој шпански тим.

Во Галатасарај Фалкао ги помина последните две сезони.