Фудбал
Официјално: Фернандо Љоренте има нов клуб
Фернандо Љоренте ќе се врати во родната земја и ќе заигра за екипата на Еибар во Сегунда.
Минатата сезона Љоренте беше член на Наполи, па на Удинезe, a без клуб е од јули. Во Еибар Љоренте веќе успешно ги помина медицинските прегледи после што клубот и го потврди трансферот.
36-годишникот кој минатата сезона беше соиграч на Ељиф Елмас во Наполи, а потоа и на Илија Несторовски во Удинезе, од јули е без клуб. Сепак, откако шпанскиот второлигаш го повика на медицински тестови кои ги мина успешно, го презентираше како ново име. Во својата богата кариера, Љоренте настапуваш уште за Атлетик Билбао, Јувентус, Свонси и Тотенхем, а со Шпанија го покори светот во 2010, како и Европа во 2012 година.