Connect with us

Фудбал

Официјално: Намалена суспензијата, Челзи во јануари може да тргне во „шопинг“, кои се метите?

Арбитражниот суд во Лозана, каде Челзи поднесе жалба против одлуката на ФИФА, одлучи да му ја намали казната на лондонскиот тим, односно суспензијата за трансфер на играчи. Тоа значи дека „сините“ во јануари можат да тргнат во „шопинг“. Но, Челзи ќе мора да плати 300 илјади швајцарски франци казна.

Според информациите од Англија тренерот Франк Лампарт има на располагање 100 милиони евра во зимскиот преоден рок, а главна цел е Вилфред Заха од Кристал Палас.

Лондонскиот тим во февруари годинава беше казнет од страна на ФИФА поради кршење на правилата за трансфери на малолетни фудбалери и тогаш им беше изречена забрана за купување на фудбалери во наредните два преодни рока.