Фудбал
Официјално: Пиоли нов тренер на Милан
Стефано Пиоли и официјално е нов тренер на Милан, откако пред неколку минути во друштво на легендите Паоло Малдини и Звонимир Бобан го стави својот потпис на договорот со важност од две години.

Пиоли доаѓа на местото на Џампаоло кој заработи отказ поради лошите резултати. Милан ќе биде 13-тиот клуп на кој Пиоли бил тренер во својата кариера. Претходно ги предводеше екипите на Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Сасуоло…