Фудбал
ОФИЦИЈАЛНО: Рамос промовиран во дресот на ПСЖ!
ПСЖ и официјално го потврди Серхио Рамос за нивни нов фудбалер, тој стави потпис на договор до јуни 2023 година.
„ПСЖ со задоволство може да го соопшти пристигнувањето на Серхио Рамос во составот. Шпанскиот централен дефанзивец потпиша двегодишен договор и се обврза со клубот од главниот француски град до 30 јуни 2023“, стои во соопштението на ПСЖ.
По долгите преговори, Рамос најде заеднички јазик со ПСЖ и во наредните две сезони ќе ги брани клупските бои. Шпанецот уште вчера пристигна во Париз, ги мина медицинските прегледи, а денес стави и потпис на договорот.
Пред Рамос ПСЖ го официјалзиираше трансферот на Ашраф Хакими од Интер, следен кој би требало да потпише е Џанлуиџи Донарума. Неговото претставување се очекува по финалето на Европското првенство.
Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија ќе заигра за ПСЖ во сезона со високи амбиции. Парижани освен Рамос го доведоа Ашраф Хакими од Интер, Џини Вајналдум од Ливерпул, а пред потпис е и Џанлуиџи Донарума и се близу до формирање на „дрим-тим“ со неверојатни поединци на сите позиции.