SPORTM.mk
Официјално: Стариџ ќе игра во Турција
Поранешниот играч на Ливерпул, Даниел Стариџ, потпиша со Трабзонспор, официјално објавија од турскиот клуб. Напаѓачот пристигнува како слободен агент. Неговиот договор е за три сезони, а според медиумите, неговата плата ќе изнесува 3 милиони евра.
Дваесет и девет-годишниот Стариџ беше измачуван од повреди во текот на целиот престој на „Енфилд“ од пристигнувањето од Челзи во 2013 година. Напаѓачот постигна 21 гол во сезоната 2013-2014, но оттогаш има запишано само 11 натпревари како стартер. Тој постигна 67 голови на 160 натпревари за тимот од Мерсисајд.
Поранешниот репрезентативец на Англија неодамна беше казнет за обложување.
Според „Телеграф“, Стариц имал понуди од дури 13 клуба. Предлозите биле од различни делови на светот – од Европа, САД и Блискиот исток. Фенербахче, Бешикташ, Бетис, Болоња, Олимпик Марсеј и Ди Си Јунајтед се меѓу клубовите што ги наведува изданието.