Connect with us

Тајмаут

Огромна трагедија: Навивач загина по страшен пад од трибина (ВИДЕО)

Натпреварот од 19. коло од најсилната фудбалска лига во Аргентина помеѓу Ривер Плата и Дефенса и Јустиција е одложен поради смрт на навивач на клубот од Буенос Аирес.

Голема и тажна несреќа се случи на познатиот стадион Монументал, откако навивач на домашната екипа страшно падна од трибината и почина на лице место.

Главниот судија на натпреварот Фернандо Рапалини го прекина натпреварот откако ја дозна трагичната вест.

Според првите информации на аргентинските медиуми, несреќникот бил на самиот врв на трибините, а по невнимание дошло до пад кој за жал завршил со смрт.

Следува детална истрага, полицијата е веќе на терен, а обвинителството ја утврдува причината за смртта на навивачот.