Ракомет
Охрид ја совлада Струга во аргентинска атмосфера на трибините!
Вечерва се одигра вечното дерби помеѓу РК Охрид и РК Струга (26-23), па во салата „Билјанини Извори“ присуствуваа околу 4.000 навивачи кои направија фантастична атмосфера и им дадоа поддршка на своите играчи.
Натпреварот беше возбудлив од самиот почеток, па веднаш се случија неколку пресврти, а потоа Струга стигна до водство од 3-4, кое постојано го одржуваше до полувремето, кога Охрид стигна до 13-13.
И во вториот дел натпреварот беше неизвесен, со многу шанси на двете страни, па гостите го имаа водството до средината на второто полувреме, а потоа Охрид ја презема предноста (21-20) и на крајот стигна до триумф од 26-23.
ФОТО: Охридњуз