Connect with us

Ракомет

Охрид останува без хрватскиот интернационалец Јосип Кежиќ

Тимот на Охрид останува без хрватскиот интернационалец Јосип Кежиќ. „Моторот“ на екипата кој веќе втора сезона е дел од составот на Горан Андоновски, кариерата ќе ја продолжи во некоја друга екипа, а има неколку комбинации, пушува 24 ракомет.

Во ланската историска сезона за тимот од Охрид, Кежиќ беше еден од главните играчи околу кој се вртеше се во составот. Средниот бек доби исписница од клубот на негово барање, иако имаше валиден договор до крајот на оваа сезона.

Кежиќ потекнува од составот на Метковиќ, а има настапувано и за Сплит, Цриквеница и францускиот тим Вернуије, па настапите во грчкиот шампионат за него ќе бидат трет интернационален предизвик.