Connect with us

Кошарка

Охриѓанецот Осман со нов договор со Кливленд вреден 31 милион долари

Џеди Осман, роден во Охрид, доби нов договор од НБА тимот Кливленд Кавалирс. Според информациите на американските медиуми, тој ќе остане во тимот уште четири години, а за овој период ќе добие 31 милион долари.

Осман во НБА-лигата пристигна како 31. пик во 2015 година во Минесота, а две години подоцна беше трејдуван во Кливленд.

Тој е роден во Охрид во 1984 година. Неговиот татко е етнички Турчин, а мајка му е Бошњакиња. Во 2001 година живеле во БиХ, а Осман играл за младинските категории на КК Босна. Во 2007 година тој се сели во Анадолу Ефес, добива турско државјанство и почнува да игра за турската кошаркарска репрезентација.

За првиот тим на Анадолу потпиша професионален договор во 2012 година, а три години подоцна како 31 пик го облекува дресот на Минесота. Од 2017 година е во Кливленд.