Ракомет
Ојлески: Во разговор со Кире одлучив да се приклучам
Гоце Ојлески ќе биде дел од подготвителниот период на македонската ракометна репрезентација за ЕП 2022 кое ќе се одигра во Словачка и Унгарија. Како што вели тој, во разговор со Лазаров, одлучил да се приклучи поради неговото искуство. Но, како што вели тоа не значи дека ќе учествува на ЕП.
-Во разговор со селекторот Кирил Лазаров поради моето искуство одлучивме да се приклучам на овој собир, но тоа не значи дека ќе учествувам на ЕП. Имаме подготовки и контролни натпревари кои може да донесат секакви несакани ситуации и затоа јас сум тука и колку што можам ќе им помогнам на помладите. Во првата фаза од припремите ќе целиме кон подигнување на физичката подготвеност, па затоа и контролните натпревари ќе ни бидат добредојдени. Тие натпревари ќе ни дадат една слика за ЕП. Нема да бидеме аутсајдари на ЕП, имаме многу искусни играчи. Со овој состав можеме да се натпреваруваме со сите селекции, изјави Ојлески.