Connect with us

Кошарка

Оклахома победи прв пат од почетокот на сезоната

Екипата на Оклахома Сити го запиша првиот триумф оваа сезона откако ноќеска беше поуспешна од Феникс Санс со резултат 117:110.

Расел Вестбрук и Пол Џорџ со по 23 поени, како и Нерленс Ноел со 20 поени и 15 скока беа најзаслужните за победата на домаќините.

„Тандер“ победија по четири загубени натпревари од стартот на новата НБА сезона.

И Феникс имаат само еден позитивен резултат наспроти пет загубени средби.