Кошарка
Оладипо најмалку шест натпревари во аут
Кошаркарот на Индијана, Виктор Оладипо, ќе отсуствува во нареднииот период поради повреда на левото колено. Според информациите кои пристигнаа од САД, лекарскиот тим на клубот соопштил дека тој нема да му биде на располагање на тренерот Најт Мекмилан за престојните шест натпревари, но исто така открија дека неговата рехабилитација може да потрае до неговото целосно заздравување.

Оладипо сезонава во просек бележи по 21 поен, шест скокови и пет асистенции. Негова замена ќе биде Тајрик Еванс, кој беше донесен на стартот од сезоната токму поради вакви ситуации, но малкумина се оние кои веруваат дека тој е достојна замена за поранешниот кошаркар на Орландо и Оклахома.
Од натпреварите кои се одиграа во НБА лигата, ЛА Лејкерс ја продолжи серијата победи, откако славеше над Феникс со 120:96. Леброн и Кузма заедно запишаа 45 поени.
Резултати: Њу Орлеанс – Шарлот 119: 109, Мајами – Јута 102:100, Филаделфија – Мемфис 103:95, Далас – ЛА Клиперс 114:110, Сан Антонио – Портланд со 131:118.