Connect with us

Кошарка

Олимпијакос во своите редови сака да го донесе кошаркарот на Партизан

Партизан може да остане без одличниот бек следната сезона.

Олимпијакос од Пиреја во своите редови, за следната сезона го сака бекот на Партизан, Вања Маринковиќ.

Олимпијакос младиот бек на Партизан го гледа како идеално засилување за следната сезона. Тие веќе контактираа со белградскиот тим за можни детали.

Маринковиќ има договор за следната сезона, што значи дека тимот од Белград ќе профитира финансиски ако дојди до трансфер.

Тој забележа 12,4 поени оваа сезона во ЕвроКуп, со два асистенции и два скока.

Во АБА лигата, тој имаше просек од девет поени, додека на српското првенство забележал десет поени.