Други спортови
Олимписката шампионка во маратон суспендирана поради допинг
Олимписката шампионка во маратон, Кенијката Џемима Сумгонг е суспендирана на 4 години поради допинг, пренесува БиБиСИ. Сумгонг била изненадно тестирана во Кенија и била позитивна на супстанцијата ЕПО која ја зголемува издржливоста и ја користат атлетичарите кои трчаат на долги патеки. Допингот бил користен во 2012 година. Инаку Сумгонг на игрите во Рио стана првата Кенијка која освои маратонско злато.