Connect with us

Други спортови

Олимписките шампиони во машка и женска конкуренција ќе играат во четвртфиналето на УС Опен

Александар Зверев убедливо го победи Јаник Синер со резултат од 3-0 (6-4) (6-4) (7-6), а оваа победа на Германецот му донесе пласман во четвртфинале.

Зверев ја продолжи својата импресивна серија и негова најнова жртва беше Јаник Синер од Италија кого го совлада со 3-0 во серија. Средбата во Њујорк траеше два ипол часа, а во истата фаворитот беше подобар со 6:4, 6:4, 7:6 (6).

Ова за Германецот беше 15. победа во низа ова лето со што само потврди дека е во одлична форма пред завршницата на овој турнир.

 

Во женска конкуренција, Бенчич во два сета ја совлада Ига Швјонтек со 7:6,6:3.\

Првиот сет беше одлучен во тај-брејкот во кој беа направени 13 мини брејка, но Бенчиќ ја искористи третата сет топка за да го добие гемот со 14:12.

Во вториот сет, Швјонтек се деморализира и не можеше да и се спротивстави на расположената Бенчич.

Во четвртиналето, Швајцарката која која е родена во Словачка ќе игра со подобрата од мечот Ема Радукану – Шелби Роџерс.