Connect with us

Ракомет

Омејер, нов генерален менаџер на ПСЖ

Легендата на францускиот ракомет, Тјери Омејер е именуван за нови директор на ПСЖ.

„Светците“ повторно не успеаја да стигнат до трофејот во Лигата на Шампионите, но овие промени беа најавени уште пред извесно време, со заминувањето на Бруно Мартини од менаџерската функција. Во игра беа уште неколку ракометни легенди, но изборот на крајот падна врз Омејер, легендарниот голман кој ја заврши кариерата во јуни 2019 година.