Connect with us

Ракомет

Омејер повторно ќе брани за Франција

Тиери Омејер повторно на списокот на Франција иако пред неколку месеци објави дека се повлекува од репрезентативната кариера.

Селекторот на Франција, Дидие Динар, го замолил легендарниот голман да биде на списокот во случај да се повреди некој од тројцата голмани: Венсан Жерар (Монпелје), Сирил Думолан (Нант) и Жилиен Мејер (Шамбери).

Омејер е најуспешниот голман во историјата на ракометот со пет светски, три олимписки и две европски титули.

Неодамна го прослави 41. роденден, а сѐ уште е активен во тимот на ПСЖ.

Европското првенство во Хрватска ќе се игра во периодот од 12 до 28 јануари в година.

Advertisement

ФОТО

More in Ракомет