Фудбал
Омонија по 16-ти пат го освои Купот на Кипар
Омонија Никозија по 16-ти пат го освои фудбалскиот куп на Кипар.
Во финалето кое се одигра во Никозија, Омонија го победи АЕЛ Лимасол со 1:0. Единствениот гол на натпреварот падна во 84. минута и беше дело на иранскиот напаѓач Карим Ансарифард.
Со успехот „детелините“ го одбранија трофејот од лани кога во спорот за трофејот по пенали го победија Етникос Ахна.
Победата на Омонија и донесе виза за европските клупски турнири. Тимот немаше шанси да добие ниту една во текот на првенството, бидејќи е на шестото место на коло до крајот, со 14 бода помалку од третопласираниот АЕК Ларнака.