Фудбал
Онана на состанок со раководството на Интер ги разгледуваат понудите од Англија
Претставниците на голманот Андре Онана се сретнале со раководството на Интер за да разговараат за иднината на 27-годишниот фудбалер, а не е исклучен евентуален трансфер во Челзи.
Камерунскиот репрезентативец минатото лето дојде во Интер од Ајакс и веќе го привлече интересот на неколку клубови од Премиер лигата. Меѓу можните кандидати се Челзи и Манчестер Јунајтед.
Онана тврди дека е среќен во Интер, но може да биде продаден за понуда поголема од 45 милиони евра.