Connect with us

Фудбал

Онана полета на Островот, денеска е на прегледи

Голманот на Интер, Андре Онана синоќа отпатува за Англија каде денеска ќе ги помине медицинските прегледи во Манчестер Јунајтед.

Камерунецот е забележан на аеродромот во Милано, од каде со лет за Бирмингем, по што ќе пристигне и во Манчестер.

Се очекува тој денеска да биде во базата на Јунајтед во Карингтон, каде ќе бидат извршени медицинските прегледи и потоа најверојатно ќе биде комплетиран трансферот на играчот.

Како што е познато, „црвените ѓаволи“ за него ќе платат 43,8 милиони фунти, а неговиот договор ќе биде на 5+1 година. Уште 3,4 милиони Интер може да добие во форма на бонуси.

Камерунецот ќе добива околу 200.000 фунти неделно, што е сепак значително помалку од она што претходно го заработуваше Давид де Хеа. Тој ќе биде второто ново засилување на тимот по Мејсон Маунт.