Фудбал
Осмиот повреден во Реал Мадрид пропушта околу 20 натпревари
Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Браим Дијаз, стана осмиот повреден во тимот на Карло Анчелоти оваа сезона, а мароканскиот репрезентативец се соочува со долго закрепнување.
Браим заработи повреда на мускулот при победата од 2-0 на гости кај Реал Сосиедад. Тој ќе закрепнува околу три месеци, што значи дека во декември ќе се врати на теренот и во тој период ќе пропушти близу 20 натпревари.
Во времето кога Дијаз ќе биде недостапен за Анчелоти, Реал има натпревари против Атлетико Мадрид, Виљареал, Борусија Дортмунд, Барселона, Валенсија, Милан, Ливерпул, Жирона и Аталанта.
Пред него со повреди се здобија Едер Милитао, Џуд Белингем, Едуардо Камавинга, Аурелиен Чуамени, Ферланд Менди, Дани Себаљос и Давид Алаба чија повреда датира од минатата сезона. Освен Менди и Милитао, останатите се уште се опоравуваат.