Connect with us

Тајмаут

Остар одговор на г-ѓа Зинченко откако беше замолена да зборува руски

Од сопругата на фудбалерот на Манчестер Сити, Олексадр Зинченко, Влада Зинченко, беше побарано од украинските медиуми да ја осуди војната со порака на руски јазик, но ТВ водителката и спортски новинар зазеде цврст став – таа не сака да има никаква комуникација со Русите.

Руската инвазија на Украина трае веќе 42 дена, а бројот на жртвите расте од ден на ден. Украинците се уште се борат да ја одбранат својата територија, но Русите немилосрдно продолжуваат да ги гранатираат украинските градови, предизвикувајќи сè пошокантни вести и снимки од Украина.

Како дел од потрагата по мир, Украинците побараа од Влада Зинченко да зборува руски, но таа категорично одби.

„Барате интервју на руски за да можат Русите да не разберат. Не ми е тешко да комуницирам на руски, но поминаа повеќе од 40 дена војна и се што можам да кажам на овој јазик за Русите да слушнат: „За*би!“, рече од Влада.

„Дали да клекнам пред нив? Нема да го правам тоа, ќе продолжам да комуницирам на украински јазик“, изјави Влада Зинченко за sport.ua.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vlada Zinchenko (@v.lada_sedan)

Нејзиниот сопруг уште од почетокот на инвазијата ги осудува Русите и претседателот Владимир Путин и апелира до сите останати да им помогнат на народот во неговата земја на кој било начин и да испраќаат пораки за мир.

„Јас не сум само украински играч, туку сум и државјанин на Украина. Сега мојата земја се брани од рускиот агресор, илјадници луѓе умираат, а руските војници веќе уништија неколку градови додека бомбардираа цивилни домови. И јас сум татко на дете. 140 деца во Украина веќе се убиени и се плашам дека нема кој да ги спречи овие луѓе. Ве молам да разговарате за тоа. Не молчете додека децата умираат секој ден. Те молам помогни ни, Путин, престани“, изјави неодамна Зинченко.