Тајмаут
Осум и пол милиони луѓе беа разочарани, а причината е Дилета Леота
Италијанската новинарка Дилета Леота важи за најпопуларна во својата работа.
Атрактивната новинарка со години го гради своето име ширум Италија и Европа, а колку ја сакаат говори фактот што на Инстаграм ја следат осум и пол милиони луѓе.
Таа пред неколку дена ја шокираше јавноста со изјавата дека е подготвена да го соблече дресот доколку се случи неочекуван резултат во Лигата на шампионите.
Имено, Италијанката вети дека ќе позира без ништо на неа доколку Барселона слави против Баерн на Алијанц Арената со три или повеќе гола разлика, што реално, тешко беше да се очекува.
Веднаш откако новинарката се огласи, фановите се упатија кон нејзиниот Инстаграм профил и ја опсипија со илјадници коментари.
„Барселона, те молам победи Баерн“, „Дали си подготвен?“, „Барселона победи!“, „Ајде Барса!“, „Барса 3:0“ или „Дојде денот, за прв пат навивам за Барселона “, се дел од коментарите.
Сепак, на крајот, осум и пол милиони нејзини следбеници беа разочарани со оглед на тоа што Баерн синоќа победи со 2:0 против избраникот на Чави Ернандез.
Историјата останува непроменета, Барселона никогаш не славела во Минхен, а навивачите ќе мора да чекаат на смена на Дилета, доколку има друга можност.