Фудбал
Освои Златна копачка, а пота предизвика хаос-Полицијата морала да реагира, капитенот грмеше: Украдоа милион евра!
Африканскиот куп на нации секогаш е проследен со скандали, а сега еден започна и најдобриот стрелец на овогодинешното натпреварување, Емилио Нсуе. Поранешниот десен бек и десно крило на Мајорка, Реал Сосиедад и Мидлсброу играше за репрезентацијата како напаѓач и постигна пет гола на ова првенство, а потоа бурно се повлече од репрезентацијата!
Со хет-трик против Гвинеја-Бисао и два гола против Брегот на Слоновата Коска, тој го протурка својот тим во групната фаза, а сега Фудбалскиот сојуз објави дека е „суспендиран на неколку епизоди на сериозна недисциплина“. Покрај него, суспендиран е и Ибан Салвадор, а според медиумите се се случило по враќањето на тимот во Екваторијална Гвинеја. Наводно реагирала и полицијата, а капитенот на репрезентацијата е бесен бидејќи никој не му го честитал најголемиот успех во кариерата.
„Ме избркаа без никакво објаснување, измислија нелегален внатрешен режим. Ме понижија низ целиот свет. Ќе умрам за мојата земја. Ќе му ја дадам златната копачка на народот и ќе ги оставам да уживаат. Репрезентацијата е над се и секого“, бурно изјави Нсуе, а потоа удри во фудбалскиот сојуз.
„На средбата беа неговата екселенција, потпретседателот и претседателот, кои пристигнаа и направија глупост. Зедоа милион евра. Милион евра! Знаете ли што ни ветија? Требаше да добиеме милион евра, ние играчите, но тие ни рекоа дека „ тие пари да одат во локалната лига, за подобрување на фудбалот во нашата земја, треба да ја реструктуираат државата, бидејќи сакаат да ги платат своите луѓе кои не прават ништо и земаат пари. Маѓепсано тркало од корумпирани луѓе, лажговци и крадци. Во моите 12 години тоа е најлошото, најголемото понижување. Земаат пари од секаде, и крадат“, грмеше Нсуе.
Емилио Нсуе е роден во Мајорка, по потекло од Екваторијална Гвинеја и откако ги помина сите јуниорски категории на Шпанија, реши да игра за својата земја на потекло. На 43 натпревари постигна 22 гола, а овој Куп на нации беше негово најдобро и можеби последно издание во репрезентацијата.