Connect with us

Ракомет

Освои злато на ЕП, а потоа беше уапсен за обид за силување

Францускиот ракометар Беноа Конку е во притвор откако беше обвинет за силување. Станува збор за играч кој беше дел од француската селекција која неодамна го освои златото на Европското првенство. Во големото финале Французите победија по продолженијата, совладувајќи ја Данска со 33:31.

Како што објави „Екип“, Конку само еден ден подоцна се нашол во страшна ситуација.

„Ноќта помеѓу понеделникот кон вторникот, пијан француски репрезентативец наводно ги соблекол панталоните и се обидел сексуално да нападне 20-годишна девојка“, пишува францускиот спортски весник. Конку, кој игра за полскиот прволигаш Килце, бил чуван од обезбедување додека полицијата не дошла да го земе.

Advertisement