Connect with us

Ракомет

Откажани сите натпревари во Украина!

Украинско-руската криза не стивнува.

Источноевропската криза моментално е најголема во Европа, а се се одрази и на спортот.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на тој начин одлучи дека нема да биде домаќин на ниту еден натпревар во Украина во следните четири недели.

Михаел Видерер, претседател на ЕХФ, ја објасни оваа одлука:

„Најважна работа за нас е безбедноста на тимовите, играчите и официјалните лица. Ние едноставно сакаме да го заштитиме интегритетот на нашите натпреварувања.“

Така, Мотор Запорожје, шампионот на Украина, домашните натпревари во Лигата на шампионите ќе ги одигра против ПСЖ и Барселона во Словачка.

Женската ракометна репрезентација на Украина на 4 и 5 март во Чешка ќе одигра два натпревари, додека се уште се чека одлуката за машката репрезентација.