Connect with us

Фудбал

Откриена најголемата тајна на Лионел Меси, имал состанок со Гвардиола, но овој му ја затворил вратата

Пред само неколку дена Лионел Меси ја освои Копа Америка со репрезентацијата на Аргентина и додаде уште еден трофеј во својата богата ризница. Најдобриот фудбалер на сите времиња и помогна на репрезентацијата да го одбрани тој трофеј, а во меѓувреме го освоија и Светското првенство во Катар, а трофеите на клубот тешко се бројат.

Повеќето ги грабна како играч на Барселона, која ја остави во солзи, но …

Странските медиуми пишуваат дека е откриена најголемата тајна на Лионел Меси, кој долго време планираше да го напушти шпанскиот клуб. За тоа дури се обиде да го искористи својот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кого го повика на состанок околу трансферот во Манчестер Сити!

Таа „бомба“ никогаш „не пукна“ затоа што Гвардиола му ја „затворил вратата“ на Етихад со порака дека Премиер лигата за него е преголем предизвик!

„Лионел Меси го контактираше Пеп Гвардиола за да преговара за преселба во Манчестер Сити. На состанокот одржан во домот на Гвардиола во Барселона, Пеп сугерираше дека Манчестер Сити може да биде преголем предизвик за тогаш 33-годишниот Меси. Меси беше не се согласуваше со тоа. Без разлика на разговорот што го водеа, Манчестер Сити му остави на ПСЖ да го комплетира шокантниот трансфер и да го однесе Аргентинецот во Париз“, се вели во книгата „Господе, чувај го Пеп“ од Марти Перанау.

Наводно, разговорот помеѓу Пеп Гвардиола и Лионел Меси се случил во 2020 година, а следното лето Аргентинецот го смени клубот во кој ја помина целата своја кариера. Меси низ солзи се прости од Барселона, а потоа потпиша за ПСЖ, кој стана само негов втор клуб во европскиот фудбал. Соработката не траеше долго, откако по само две сезони се пресели во САД и  потпиша за Интер Мајами. Од друга страна, Пеп Гвардиола се уште е на клупата на Манчестер Сити. За време на неговиот мандат кој трае од 2016 година, шпанскиот тренер освои шест титули во лигата, два ФА купа, четири ЕФЛ купа, два Комјунити Шилд, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.

Advertisement