Фудбал
„Ова е лошо“: Меси со неверување стоеше надвор од теренот 2 минути во текот на натпреварот поради бизарното правило во МЛС (ВИДЕО)
Интер Мајами синоќа по голем пресврт го победи Монтреал со резултат 3:2, а во центарот на вниманието беше Лионел Меси иако не забележа гол или асистенција. Имено, Меси се повреди во 43. минута и мораше привремено да го напушти теренот, а кога се обиде да се врати по дваесетина секунди, судијата не му дозволи да го стори тоа. Имено, од оваа сезона МЛС има правило кое не постои никаде во светот, според кое фудбалер кој го напушта теренот за да добие лекарска помош мора да остане надвор од теренот најмалку две минути.
Messi: "With this type of rule…..we are doing badly." 🗣️
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) May 12, 2024
Меси на тој начин мораше да чека 45. минута за да се врати на теренот, а во 44. камерата го сними како со неверување го коментира правилото со кое се сретнал за прв пат во животот. „Овие правила… Ова е лошо“, рече Меси, кој одмавнуваше со главата кон камерата додека стоеше покрај теренот.