Connect with us

Фудбал

Ова ќе биде новиот „Крал“ во одбранaта на Реал Мадрид?!

Како што пренесуваат италијанските медуми Реал Мадрид подготвува понуда за дефанзивецот на Наполи Калидоу Кулибали. Сенегалецот во дресот на италијанскиот тим се промовираше како еден од најдобрите штопери во светот, а голем број на клубови покажува интерес за него.

Сепак, Наполи не сака да слушнат за продажба под 100 милиони евра, сума која никој не сака да ја плати.

Но, Реал Мадрид ќе се обиде да ја искористи ситуацијата во Наполи, по казните кои ги одреди Де Лаурентис и најавата дека ќе прави голем ремонт. Во „Кралскиот клуб“ се свесни дека капитенот Рамос има 33 години и полека, но сигурно треба да се најде нов лидер во одбранта. Такво нешто гледаат во Кулибали, а се очекува во летниот преоден рок и официјално да тргнат по негов ангажман.