Фудбал
Ова на Бразил му се нема случено 20 години, „виновник“ е Аргентина!
Бразил, најуспешната фудбалска репрезентација во историјата, нема да игра на Олимписките игри во Париз. Тоа им се случи за прв пат по 20 години, а „виновник“ е нивниот најголем ривал – Аргентина. Во дуелот на две фудбалски сили, составен од играчи до 23 години, Аргентина победи со 1:0 во Каракас и со тоа се пласираше во Париз, а им се приклучува и Парагвај.
Решавачкиот гол за Аргентина го постигна Гондо во 78. минута, па Бразил ќе нема шанси да го израмни олимпискиот рекорд по број на златни медали. Засега Бразил има титули од 2016 и 2020 година и може да заборави на тет-трикот, па Унгарија и Велика Британија и натаму се лидери со по три титули на Олимписките игри. Сепак, Британците ги освоија своите три во 1900, 1908 и 1912 година, додека Унгарија го направи тоа во 1952, 1964 и 1968 година.