SPORTM.mk
Ова навистина никој не го очекуваше: Дали знаете кој прв и честиташе на Барселона за трофејот?
Барселона го освои 31-от трофеј во Купот на кралот во саботата, откако во Севилја го совлада Атлетик Билбао со 4:0.
Роналд Куман синоќа го освои првиот трофеј со Барселона, а неговиот тим го „згази“ ривалот со четири погодоци во продолжението од мечот. Меси постигна два, Гризман и Де Јонг по еден.
Со 31 трофеј во Купот на кралот, Барселона е убедливо најуспешниот тим во ова натпреварување, а на второто место е токму синоќешниот ривал од Билбао.
Интересно е тоа што прв кој му го честиташе трофејот на Барселона е лутиот ривал Реал Мадрид, што покажа зошто е кралски клуб. Дефинитивно потег за пофалба и на овој начин се покажа дека сепак постои голема почит меѓу нив и покрај големото ривалство кое понекогаш ги надминува границите на нормалноста.
„И честитаме на Барселона и нејзините навивачи за заслужената победа во шпанскиот Куп на кралот во сезоната 2020/21“, објави Реал.
Мадриѓаните не успеаја ниту да стигнат до финалето на Купот на кралот, но сепак имаат големи шанси да ја освојат титулата бидејќи се на еден бод од водењето на Атлетико, а исто така се на добар пат да стигнат до Лигата на шампионите, бидејќи играат полуфинале против Челси.
Што се однесува до Барселона, тие испаднаа претходно од Лигата на шампионите, но во Ла Лига, како и Реал, тие сепак имаат можност да завршат први на табелата. Во моментов, каталонскиот клуб заостанува два бода зад лидерот Атлетико, на осум кола пред крајот.