Connect with us

Фудбал

Ова се стартните состави за Реал Сосиедад – Вардар

Чедомир Јаневски ги објави имињата кои ќе бидат во стартниот состав против Реал Сосиедад. За големо изненадувањето е тоа што Вања Марковиќ ќе го започне натпреварот на теренот, а не на клупа како што беше во изминатите натпревари.

За одбраната ќе бидат задолжени Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак и Глишиќ.

Во средниот ред Марковиќ, Николов, Барсегјан, Фелипе и Џигаури.

На клупата се наоѓаат Игор Алексовски, Висар Муслиу, Дарко Велковски, Никола Глигоров, Бесир Демири, Бесар Исени и Дејан Блажевски.