Connect with us

Фудбал

Ова се засилувањата на Манчестер Јунајтед, подготвени 350 милиони за трансфери

Според информациите кои доаѓаат од медиумите од „Островото“, Манчестер Јунајтед планира големи вложувања во летниот преоден рок, а првите засилувања може да се очекуваат веќе во јануари.

Метите во зимскиот преоден рок се двајца фудбалери на Јувентус, Марио Манџукиќ и Емре Џан. Шпекулации има и за напаѓачот на ПСЖ Единсон Кавани.

Сепак, во летниот преоден рок ќе следуваат вистинските инвестиции. Џејмс Медисон од Лестер е мета, чија цена се проценува на 70 милиони, потоа Муса Дембеле од Лион за 50 милиони евра, а Саул Нигез од Атледико Мадрид чија откупна клаузула е 150 милиони евра треба да биде најголемата инвестиција.

Иако се очекуваше Оле Гунар Солскјер да добие отказ, сепак последните информации од Англија велат дека можно е тој да остане до јануари.