Connect with us

SPORTM.mk

Овој човек е „мозокот“ на операцијата во измамата во НБА лигата

Американските медиуми денеска објавија дека 18 поранешни играчи на НБА биле уапсени поради измама поврзана со системот за здравствена и социјална заштита на најсилната кошаркарска лига во светот.

Поранешните играчи, меѓу кои има многу познати имиња на НБА лигата, доставија лажни медицински и стоматолошки извештаи со цел да добијат надомест за трошоците од лигата.

НБА лигата им овозможи на играчите да имаат здравствена и социјална заштита по завршувањето на кариерата, а оваа група го искористи тоа за да заработи дополнителни пари.

Водач и креатор на комплетниот план за измама е поранешниот кошаркар на Хјустон Рокетс и Бруклин Нетс, Теренс Вилијамс.

Набавил лажни сметки за медицински услуги на своите поранешни колеги од паркетот, а тие му платиле одредени суми пари за тоа.

Вилијамс наплати најмалку 230.000 американски долари за услугите на уште десет други играчи, а играчите аплицираа за вкупна исплата од 3,9 милиони долари.

Од таа бројка, тие добија 2,5 милиони долари, но на крајот, целосната измама беше разоткриена и кошаркарите беа уапсени.

Вилијамс, кој беше избран од Нетс во 2009 година како 11 -ти пик на драфтот, имаше скромна кариера во најсилната лига во светот.

Покрај Нетс, играше за Рокетс, Кингс и Селтикс, но поголемиот дел од кариерата ја помина надвор од САД.