Connect with us

Тајмаут

Овој дедо еден меч го дели од 75.000.000 долари (ВИДЕО)

Џим МекКингвејл, 71-годишен американски бизнисмен, само за забава вложил неверојатни 10 милиони долари на својот омилен бејзбол тим и сега е на само чекор од најголемата победа во историјата!

Тој уплатил пред половија година 10 милиони долари дека Хјустон Астрос ќе ја освои титулата во МЛБ.

Неговиот тим се пласираше во финалето и доколку ја победи Филаделфија, обложувалницата ќе треба да плати неверојатни 75 милиони долари на Џим.

Мекингвејл е страстен обложувач и ова не е првпат да инвестира огромни суми пари на спортски натпревари. Во април, тој заработи 10 милиони долари на победата во NCAA во Канзас. Сепак, тој имаше и големи неуспеси во минатото. Тој изгуби 10 милиони кога се обложи на Бенгелси против Ремс во Суперболот.

 

Инаку, МекКингвејл е успешен претприемач и неговото богатство се проценува на 300 милиони долари.