Connect with us

Фудбал

Овој деликвент го купи и продаде вчера Реал Мадрид

Реал Мадрид вечерва го доживеа најубедливиот пораз во последните неколку години во Лигата на Шампиони, а херојот кој вечерва го допре пиедесталот е Деле Али.

Младиот англиски репрезентативец успеа да постигне два гола и одигра во стилот на Зинедин Зидан. Го имаше насекаде низ теренот, дриблаше, трчаше, држаше и што е најважно беше стрелец на два голови.

Но сепак, многу малку знаат повеќе за него. Деле Али беше на одличен пат да постане сосема нешто друго. Како мал многу често бил во лошо друштво, тие кои го знаат од адолесцентните години кажуваат дека бил на добар пат да стане дел од банда, што најдобро го потврдува тоа оваа фотографија од неговите тинејџерски години.

Фото: Twitter

И неговата мајка стравувала за неговиот развој во тинејџерските години. Неговите блиски роднини потврдуваат дека уште малку требало за да стане деликвент.

Но сепак, за негова среќа и уште поголема среќа на Тотенхем, овој мал мангуп вечерва два пати успеа да ја затресе мрежата на Реал Мадрид.