„Овој Македонец Пандев и кога ќе се пензионира – од трибина ќе ни даде гол“ (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев одигра фантастичен меч во победата од 2-0 на Џенова против Јувентус, па на крајот постигна еден гол и една асистенција, па ја воодушеви публиката, пишува Sport1.

Пандев не беше прв избор на тренерот на Џенова, но откако влезе во игра, во второто полувреме, покажа дека заслужува да биде дел од првиот тим, откако најпрво му асистираше на Стураро за водство од 1-0, а потоа погоди за конечни 2-0.

На социјалните мрежи се појави еден интересен коментар (најверојатно од навивач на Јувентус, ако може да заклучиме според името и сликата на профилот), па го насмеа цел регион.

„Овој Македонец и кога ќе се пензионира, ќе му дава голови на Јувентус од трибини, баш сака ликов да не е*е, добар гол, секоја чест“, пишува навивачот на Јувентус.