Connect with us

Кошарка

Па дали е можно, македонските кошаркарки ја победија БиХ, прва победа по 10 години на официјален меч

Прва и голема квалификациска победа за нашата женска сениорска репрезентација, и тоа на гостински терен, против фаворитот БиХ со 68:66. Ова е верувале или не прва победа на македонската женска кошаркарска репрезентација на официјален квалификациски меч по речиси 10 години. Последен пат на официјален меч нашата кошаркарска женска репрезентација забележала победа во јуни 2013-та година против Португалија со резултат 60:56 во квалификации за ЕП прва фаза.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2023

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Германија – Белгија        44:69

БиХ – МАКЕДОНИЈА        66:68

ТАБЕЛА

1.Белгија     5          4          1          446:287        9

2.Германија            5          3          2          343:299        8

3.БиХ 5          2          3          351:408        7

4.МАКЕДОНИЈА    5          1          4          261:401        6

ИДНО КОЛО (12.02)

МАКЕДОНИЈА – Белгија

БиХ – Германија