Connect with us

Други спортови

ПАДНА РЕКОРДОТ: Повеќе од три децении се чекаше на Грен слем ова да се случи

Дури 21 меч во машка конкуренција на Ролан Гарос во првото коло завршија по пет сета.

Со ова беше срушен рекордот на Отвореното тениско првенство на Франција, како и на сите други Грен слемови по број на одиграни дуели во максимален број сетови во првото коло.

Претходниот рекорд го држеше и Ролан Гарос, бидејќи во 1992 година 20 меча од можни 64 отидоа во пет сета, а беше „поделен“ со УС Опен во 1991 година и Вимблдон во 1984 година.

Интересно е што дури шест француски тенисери одиграа пет сета во ова прво коло, а тоа само еден славеше на тој начин, а тоа беше Гаел Монфис, кој вчера во луд меч на „Филип Шатрие“ славеше во мртвите на ноќ против Себастијан Баеза.

Facebook