Connect with us

Ракомет

Паѓа ли историскиот рекорд на Лазаров од 2009 година?

Published

on

Синоќа заврши групната фаза на Светското првенство во ракомет во Египет , а Хрватска, која ќе игра против Бахреин, Аргентина и Данска за четвртфиналето на ова натпреварување, обезбеди пласман во второто коло.

Во групната фаза беа постигнати 2625 голови, а најмногу постигна Унгарија – 107 голови, следени од Словенците со 105, а третото место го заземаат Данците со 104 погодоци на три натпревари.

Најдобар стрелец на турнирот во моментов е Норвежанецот Сандер Сагосен,  кој постигна 30 гола на три натпревари, а неговата желба е да го сруши рекордот на Кирил Лазаров од 2009 година. Нашиот Лазаров постигна дури 92 гола на Светското првенство во Хрватска.

Доколку Норвешка оди до крајот, Сагосен ќе одигра вкупно девет натпревари на шампионатот, му остануваат уште шест натпревари за да стигне до бројката од 92 гола на еден шампионат.

Сагосен е еден од најдобрите играчи во светот, а на Евро 2020 ја освои титулата најдобар стрелец со 65 погодоци од осум натпревари. Катарскиот Францис Керол е на второто место со 25 голови, а Мохамед Дармул (Тунис) е трет со 23.

Рекордот на најмногу постигнати голови на еден натпревар на овој шампионат го држат Словенија и Јужна Кореја, дури 80 голови беа постигнати на тој натпревар.

Најдобар голман на шампионатот е Германецот Силвио Хајневетер со 52 проценти одбрана.

Advertisement

Facebook