Connect with us

Фудбал

Панчев: Чудни нешта се случуваа во Вардар, парите од УЕФА за враќање на долгови

Колегите од хрватскиот весник „Вечерњи лист“ направија интервју со легендата на македонскиот и југословенски фудбал, Дарко Панчев. Разговараа за се по нешто, од Црвена Звезда, до Динамо Загреб, па и Вардар. За причините поради кои не е повеќе во раководните позиции на нашиот најтрофеен клуб, Панчев вели:

-Кога е Вардар во прашање, се случуваше нешто чудно. Илија Најдоски и јас дојдовме во Вардар за да го подобриме квалитетот на составот и да станеме конкурентни во Европа. Тоа брзо успеавме да го направиме и направивме големо изненадување откако го елиминиравме Фенербахче. Клубот заработи многу пари од пласманот во групната фаза од Лига Европа. Очекувавме дека луѓето кои го водат клубот тие пари ќе ги инвестираат во ангажман на нови уште подобри играчи, со цел Вардар да биде уште посилен. За жал, се случи сосема спротивното. Наредната година немаше воопшто пари, долговите беа големи и кон многумина. Некои играчи заминаа, а не беа донесени соодветни замени и резултатите беа катастрофални. Најдоски и јас видовме дека нема ништо од она што се договаравме на почетокот и затоа полека се повлековме и повеќе не сме во Вардар. Зошто тоа се случи, можат да го објаснат луѓето кои го водат клубот, изјави Дарко Панчев.

Целото интервју на Дарко Панчев можете да го прочитате на следниот ЛИНК.