Фудбал
Пандев: Благодарам Наполи, на „Сан Паоло“ како да сум дома
„Македонската пресметка“ во Серие А синоќа заврши без победник. Наполи на домашен терен одигра 0:0 со Џенова. Елиф Елмас во дресот на домашниот тим ги одигра последните 30-тина минути, додека Пандев за Џенова настапи од првата минута, а од игра излезе во 80-та минута.
По овој натпревар Горан Пандев објави фотографија на својот Инстаграм и притоа напиша:
-На „Сан Паоло“ сум како дома. Благодарам Наполи.
Горан Пандев го носеше дресот на Наполи од 2012 до 2014.