Connect with us

Фудбал

Пандев: Ова е последен меч и сакам со победа да се пласираме таму каде што никогаш не сме биле

Published

on

Последниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020. македонската репрезентација го игра вечерва од 20:45 часот на Националната арена. Во Скопје гостува селекцијата на Израел, директен противник за третото место во групата, позиција која ја посакуваат сите во репрезентацијата, но и јавноста.

Доколку победи Македонија вечерва, ќе биде на третото место на табелата, нешто што никогаш до сега не се случило.

-Ова е последниот наш меч во овие квалификации и сакаме со победа да ги завршиме квалификациите и да се пласираме таму каде што никогаш досега не сме биле. Сакаме да бидеме трети. Игравме во овие квалификации во една неатрактивна, но тешка група и само против Австрија потфрливме, додека на останатите мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси. Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на Евро 2020, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации. Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам зависи од селекторот, изјави капитенот Горан Пандев.

Advertisement

Facebook