Connect with us

Фудбал

Пандев: Сакаме и ние таков дочек како Вардар, но ќе мора да се пласираме на ЕП

Капитенот Горан Пандев и селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски, денеска имаа прес-конференција во пресрет на натпреварот против Полска кој се игра утре во 20:45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.

Пандев смета дека европската титула на Вардар ќе биде дополнителен мотив за репрезентацијата, која посакува ист дочек доколку биде обезбеден пласман на ЕП.

„Овој натпревар ќе ни го покаже патот во квалификациите. Ако победиме, тогаш имаме големи шанси да се пласираме на ЕП. Во земјава се направи една еуфорија со освојувањето на европската титула на Вардар. Тоа е успех кој тешко дека некој ќе во повтори од Македонија. Тоа е исто така мотив плус за нас. И ние сакаме да бидеме така пречекани, но знаеме дека мораме да се пласираме на Европско првенство“, изјави Пандев.

Игор Ангеловски истакна дека Македонија ќе ја негува истата игра, напаѓачки и агресивно уште од стартот.

„Не отстапуваме од тоа да играме агресивно и напаѓачки, и така ќе биде и против Полска. Полска е силна репрезентација, има одлични индивидуалци, но пред се се добри како колектив. Меѓутоа се надевам дека со помош на публиката, ќе оствариме добар резултат. Јас верувам во овие момци, чест ми е што работам со нив, и едно знам – дека ќе го дадат последниот атом од силите за да победат“, рече Ангеловски.

Извор: ТВ21