Connect with us

SPORTM.mk

Пандев: Среќен сум за јубилејот, но најважна е победата против Летонија

[ad_1]

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев, пред утрешниот јубилеен 100-ти натпревар во дресот на националниот тим против Летонија во квалификациите за ЕП 2020, не го криеше задоволството и посака да го заокружи ова достигнување со победа и гол.

Дуелот се игра утре на Градскиот стадион во Скопје со почеток од 20:45 часот.

– Сигурно дека сум среќен за овој 100-ти натпревар, мој убилеј, но за нас најважно е да влеземе максимално ангажирано во овој натпревар. Се надевам дека на овој јубилеј ќе оствариме победа. Се надевам дека и публиката ќе дојде во што поголем број. Оваа генерација тоа го заслужува, а поддршката е многу важна. Во последните години ја вративме самодовербата на оваа репрезентација, имаме одлична атмосфера. Функционираме како една фамилија и се надевам дека прва цел е победата, а дури потоа да постигнам гол на овој јубилеј, рече капитенот Пандев.

[ad_2]

Извор: Netpress