Connect with us

Фудбал

Пандев: „Уште не довршен натпреварот веќе почнаа на некои медиуми најавите за нов селектор„

Легендарниот Горан Гранде Пандев по пристигнувањето на Скопскиот аеродром беше пречекан со голем аплаус па потоа пристигна и неговата прва изјава:

Уште пред да заврши мечот со Холандија веќе на медиуми имаше објавено за нов селектор. Мислам дека селекторот требаше да добие шанса да ги заврши квалификациите но знаеме кај нас како функционираат работите. Жалам што не освоивме барем 1 бод бевме многу блиску но во исто време и многу далеку. Премногу емоции сакавме да ги изадуваме навивачите но за жал не успеавме. Сега одам на одмор со фамилијата па ќе видиме како ќе одиме понатаму, засега за тренер не сакам да бидам но сеуште не знам немам некоја посебна желба.