Connect with us

Фудбал

Пандев за мечот со Словенија: Не гледам во кој сегмент се подобри од нас на теренот

Капитенот Горан Пандев во пресрет на утрешниот меч со Словенија изјави дека не гледа во кој сегмент овој противник е подобар на теренот од нашата репрезентација. Додава дека сите во тимот разсмилуваат само на победа.

Расположението и атмосферата кај нас е на највисоко ниво. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар и знаеме што носи победа на овој меч. Мора да одиграме на ниво. Ако Словенија се надева дека може да биде втора, можеме и ние. Не гледам каде Словенија е подобра од нас на теренот. Знаеме со каков квалитет располагаме, иако ни фалат двајца играчи. Ветувам дека ќе изгинеме на терен. Очекувам голема поддршка, се надевам дека ќе дојдат луѓето што не сакаат. Не бараме којзнае колаква бројка, само да добиеме вистинска поддршка од луѓе што ја сакаат репрезентацијата на Македонија, изјави капитенот Горан Пандев.

Средбата на Националната арена „Тодор Проески“ меѓу селекциите на Македонија и Словенија се игра в четврток од 20:45 часот.