Connect with us

Тајмаут

Папараците беа немилосрдни: Девојката на ѕвездата на Интер покажа премногу додека уживаше на јахтата (ФОТО)

По напорната сезона, многу фудбалери заминуваат на одмор. Некои ќе имаат малку подолго лето, други наскоро ќе мора да се приклучат на репрезентациите.

Во случајот со Артур Видал, овој искусен играч за врска може целосно да се фокусира на одморот откако ќе заврши сезоната во Италија. Искусниот Чилеанец не успеа да го освои Скудетото со Интер, но има трофеј во Купот на Италија, а очигледно летово ќе ја смени средината.

Се споменува враќање во Чиле, иако се поизвесно е дека ќе замине во Бразил, но фудбалерот на крајот сам ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Во моментов поранешниот играч на Барселона и Баерн, кој минатата сезона имаше 41 настап, ужива на одмор во Шпанија со својата партнерка Соња Исаза.

Двајцата се возеа до Форментера – најмалиот шпански балеарски остров во Средоземното Море. Се сончале на јахта, уживале во пливање, пиеле коктели, но и разменувале нежности.

Соња накратко се раздели со Видал во 2020 година, но набрзо се смирија и оттогаш се неразделни. Нивната врска датира од 2018 година, а според фотографиите очигледно е дека Чилеанецот ужива во шармот на својата избраничка, која има со што да се пофали.