SPORTM.mk
Паратичи: Дибала не е близу до заминување, но мора да се разделиме со 6 играчи
Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, зборуваше за иднината на Пауло Дибала. „Старата дама“ бара нов тим за аргентинска sвезда, затоа што тоа не влегува во плановите на новиот тренер Маурисио Сари. Манчестер јунајтед се сметаше за најголем кандидат за неговиот потпис, но дестинацијата Англија повеќе не е реална за Дибала.
– Трансфер прозорецот е отворен и има интерес, но никој од нашите играчи не е близу до продажба. Дибала е играч на Јувентус. Навистина, тој е одличен играч. Како што реков, за време на трансфер прозорецот има разговори и дискусии. Сакам да ги задржам сите играчи, но нема начин како тоа да се случи. Мора да се разделиме со шест, призна Паратичи.
Неодамна, Сари изјави дека може дури и да мора да го остави 25-годишниот играч надвор од составот за Лигата на шампионите, поради ограничениот број од 25 места.